фото: Зоран Антоски

На 43 последна седница на Советот на општина Кичево за годинава, беше усвоен предлог буџетот за 2021 година, за кога е најавена реализација на голем број капитални проекти, како во градот така и во селата.

– На последната седница на Советот на општина Кичево беше усвоен буџетот за 2021 година, кој е проктиран на 938 539 000 денари или околу 15 600 000 евра. Во оваа проекција влегуваат, основниот буџет со 395 469 000, дотации со 460 853 000, од самофинансирачки активности да се соберат 25 258 000 и донации во износ од 56 959 000 денари – истакна Сашо Кцески, советник.

На оваа седница градоначалникот Фатмир Дехари ги потенцира проектите кои треба да се реализираат следната година, од изградба на капела кај православните гробишта во градот, потоа комплетна реконструкција на улиците „Борис Кидрич“ и „Ужичка Република“, потоа реконструкција на улицата „Маршал Тито“ од крстосницата со улицата „Борис Кидрич“, целосна реконструкција на градскиот плоштад со изградба на плочник со гранитни плочки, обнова на уличното осветление и поставување на нова урбана опрема. 
З.А.