Државна лотарија на Македонија ги известува играчите на играта на среќа Лото, дека од сабота, 15.12. 2018, од коло 100 во 2018та, ТВ извлекувањата на истоимената играта ќе се емитуваат на Канал 5 Телевизија.
ТВ емисиите ќе се реализираат во редовниот термин – секоја среда и сабота од 20:00 часот. Рокот на уплата за тековно коло во среда и сабота останува до 19:00 часот.
Промената на теливизискиот канал, е согласно резултатите по јавен оглас за избор на ТВ канал за продукција и емитување на извлекување на добитни бројчиња од играта на среќа Лото, а по истек на договор со ТВ СИТЕЛ.
Водител на емисијата останува Марјана Станојковска.