Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала попладнево бил почувствуван во Тетово, Гостивар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 12:16 часот, со епицентар на 45 километри западно од Скопје, во подрачјето помеѓу Тетово и Гостивар.
Во Тетово, Гостивар и околината бил почувствуван со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Куманово и Дебар со околината земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.