Во следните седум дена, Прилеп ќе биде домаќин на триесетина ученици од училиштето за средно стручно образование и занимања „Јорг Церн“ од Уберлинген, Сојузна Република Германија. Покрај дружењето со средношколците од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“, кои ќе бидат нивни домаќини, учениците од Германија ќе учествуваат во санација на германските воени гробишта во Прилеп.
Според Хуберт Хобс, професор во Средното училиште во Уберлинген, тие веќе 23 години одат во повеќе држави од Источна Европа со задача да ги посетат и да ги санираат тамошните германски воени гробишта.
– Целта ни е не само да учествуваме во реставрација та или малку да им помогнеме на луѓето кои се задолжени за одржување на воените гробишта во земјите во кои што престојуваме, туку нашите ученици да бидат прифатени од ученици те од местата кои ги посетуваме, во случајов од Прилеп. Идејата е повеќе да се дружиме, со цел воените дејствија кои порано се случувале повеќе да ги нема, бидејќи иднината на Европа е поинакв а, најбитни се негување то на мирот, слободата и меѓусебното разбирање. Оваа акција ја работиме во соработка со Здружението за грижа на германските воени гробишта од нашата земја, рече Хобс.
Посакувајќи им добредојде и пријатен еднонеделен престој во Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски рече дека заедничкото дружење и вклученост а во проект от што значи грижа за германските гробишта, е за почит, зашто германските воени гробишта, како светилиште на загинатите борци од Првата светска војна, треба на сите да им служи како опомена дека војните носат само несреќа и зло.
– За време на вашиот престој ќе посетите повеќе дестинации, бидејќи Прилеп има што понуди, од музеи, манастирски комплекси и друга туристичка понуда, рече Јованоски.
Професорката по германски јазик во СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, Мануела Котеска, напомена дека завршната манифестација ќе се случи на 23 јули, на германските воени гробишта во Прилеп.
– Ќ е се одржи кратка церемонија како круна на заедничката работа, која во изминатите две недели се случувала на германските воени гробишта во Битола и Прилеп, а на која ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа и од Амбасадата на Сојузна Република Германија , истакна Котеска.