Обилните врнежи од дожд, посебно последниве неколку дена го зголемија водостојот на реките во источниот дел од земјата.
Мерењата кои ги прави штипјанецот Киро Маџаунаров за потребите на УХМР, покажуваат дека во изминативе три месеци само во Штип наврнале 150 литри на метар квадртаен, што е повеќе од дупло во споредба со минатата година. Водостојот во реката Брегалница, кај мерната станица во штипско Ново Село е 194 см.
– Тоа изнесува 162 кубни метри вода проток во секунда. Ова се случува последните седум до осум дена, вели Маџунаров.
Тој забележува дека во моментот хидролошката состојба е стабилна и нема опасност од излевање на речните корита во источниот регион.
– Критична точка за излевање од коритото е над 250 см. и засега не постои опасност, а може само да имаат корист земјоделците-додаде Маџунаров.
Браната Калиманци, за разлика од лани кога не беше ни половина полна, што резултираше со намалување на посевите под ориз, сега е со полн капацитет. Ова позитивно ќе се одрази на одлгледувачите на земјоделските култури, зашто вода ќе има во доволни количини.