По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор, Пецо Неданов кој на Фејсбук објави дека Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.
– Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека дефинитивно традицијата на Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година. Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години.
Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред, но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата, некој ја сваќаа погрешно во смисол да ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата.
Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги исфинансирам поголемиот дел од трошковите, а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот, а одредени трошоци останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание, но никој ништо не одговори.
Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни ветувања, се уморивме од тоа. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција, а да даде господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна, или дајбоже пократка пауза, ја продолжат традицијата. Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК Охрид, и секако дека има многу големо значение за нас, но без поддршка на институциите за жал мора да згасне.
Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање.
Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кои одвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји, се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција, а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки – објави Пецо Неданов.