Таблети добија основци од градот и од селата Тополчани, Мало Коњари и Канатларци

Прилеп

Општина Прилеп им распредели 100 таблети на ученици од ранливата категорија од основните училишта. Покрај тоа што таблет-компјутери добија ученици од сите седум основни училишта во градот, тие им беа распределени и на ученици од трите училишта во населените места Тополчани, Мало Коњари и Канатларци, во согласност со бројот на запишани ученици. Таблетите се донација од тетовското семејство Дестани.

– Таблет-компјутерите им беа поделени на ученици чии семејства спаѓаат во социјално ранливите категории. Распределбата на таблет-компјутерите се вршеше со примена на протоколите и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за заштита од коронавирусот – велат од Општина Прилеп.