Со натпревар од пионерска категорија синоќа во Прилеп започна осмиот светиниколски хуманитарен турнир, што традиционално се одигува во пресрет на патрониот празник на Прилеп, 19 декември-„Свети Никола“. Турнирот кој ќе се одвива дваесетина дена има хуманитарен карактер. Годинава, собраните средства се наменети за лицата со ретки болести.
Покрај натпреварите во пионерска категорија, на турнирот ќе се одиграат и натпревари во категориите ветерани и сениори.
Организатор на турнирот е Локалниот спортски сојуз од Прилеп, а го поддржува локалната самоуправа.
-Натпреварувањето протекуваат во најдобар ред и се игра коректно. Посетеноста на првиот ден од турнирот е солидна. Ги поканувам сите љубители на малиот фудбал слободно да дојдат и да го посетат овој турнир, бидејќи за групната фаза, како што и најавивме, не се наплаќаат влезници – вели Горан Спиркоски од Локалниот спортски сојуз
Во сениорска конкуренција вкупно се пријавени 35 екипи, кои се поделени во осум групи, со тоа што три од осумте групи имаат по пет екипи, а останатите по четири. Квалитетот, велат одганизаторите е на повисоко ниво од ланскиот.