Тутунскиот Комбинат АД Прилеп од денеска започна со откуп на тутунот од реколтата 2018. Стартот е во централниот откупен пункт на 10 ваги, а од 21 ноември тутунот ќе се откупува и во населените места. Вкупно, велат од Комбинатот ќе откупуваат на 24 пунктта или 34 ваги.
Кире Станкоски, директор на Тутунскиот комбинат Прилеп посочува дека како финансиски така и организационо Комбинатот е подготвен да ја откупи целата договорена количина со неговите верни кооперанти, при што се планира да се откупат и поголеми количества во споредба со лани, а исплатата на парите ќе биде за три дена.
Тутунарите очекуваат повисоки откупни цени, а од тутунските здруженија велат дека ќе го следат откупот на тутунот преку поверенци и очекуваат реална проценка.
Годинава се очекува родот да биде помал од 23.000 тони тутун.
К.М.