Надлежните општински служби се сетија да ја „закрпат“ со асфалт улицата кај болницата „Плодност “ во Битола. Улицата беше ископана и несанирана откако фирмата „Жикол“ од Струмица пред повеќе месеци интревенираше за поставување на нова водоводна мрежа.

Жителите од тој дел на градот, кој битолчани го викаат „битолско Водно“ долго време
бараа да се санира улицата која не само што претставуваше грда слика за Битола, туку и опасна за одвивање на сообраќајот.

Дури деновиве улицата беше „закрпена“, за сега по неа да може барем безбедно да се одвива сообраќајот. М.М.


Почнаа инфраструктурните зафати на улицата „Кленовац”

На улицата „Кленовац“ во Битола во тек е изведбата на мешовитата канализациона мрежа и канализациони приклучоци. Станува збор за промена на неколку децении стара канализациона мрежа, која не ги задоволуваше ни основните потреби на жителите на улицата.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска деновиве ја посети оваа улица и изврши увид во градежните зафати, при што беше запозната со динамиката на работа на екипите.

– Како и во други инфраструктурни зафати и на оваа улица, Ќе се работи по фази, односно по поставувањето на новата канализациона мрежа, чија вредност е околу 5.500.000 денари, Ќе се пристапи кон изведба на водоводната линија, заедно со водоводните приклучоци, во вредност од над 2.700.000 денари, истакнуваат од локалната самоуправа. М.М.