Бројките со црнодробниот карцином стануваат загрижувачки.
Најновите податоци покажуваат дека оваа болест го зазема третото место по смртност во светот, велат од Хепар центарот -Битола, кој заедно со Центарот за јавно здравје и Црвениот крст ја почнаа едномесечната кампања по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.
– Во Европа најновите податоци покажуваат драстично зголемување на заболените од хепатит. Во 2020 година имавме 300.000 нови случаи на хепатитис, кои потекнуваат најмногу од Средна и Источна Европа. Влегуваме во таа група како земја. Кај нас нема официјална бројка за 2020, но се движиме околу 11.115 кои имаат хроничен хепатитис Б и Ц во Македонија – вели Милан Мишковиќ од Хепар Центарот – Битола.
Инаку, според Мишковиќ, минатата година повеќе од 800.000 луѓе починаа од рак на црниот дроб. И во Македонија има зголемување на бројот на пациенти со карцином на црниот дроб, вели МишковиЌ.
– Процентуално земено луѓе кои веќе имаат проблем со хепатитите, преку 60 отсто од заразените лица имаат можност да добијат карцином на црниот дроб – вели Мишковиќ, кој вели дека за да се подобрат состојбите мора да се работи мнгу на превентивата и раната детекција.
– Една од многу важните работи е превенцијата. Ние како Црвен крст сме тука за да работиме на превенција, односно едукација на населението за се она што значи зголемнување на телесната тежина, алкохолизам, да може да превенираме од школска па и останатото население – вели Лилјана Ристевска, претседател на ОО Црвен крст Битола, каде во рамките на одбележувањето на Светскиот дена за борба против хепатитот се вршеа тестирања не само на хепатит, туку се испитуваа и антитела и антигени од ковид-19.
М.М.