Еколошкото здружение Еко Герила од Тетово на прес конференција истакна повеќе забелешки за работата на општината и градоначалничката, потенцирајќи дека со тоа градот е далеку од Европа. Освен за еколошките проблеми, тие алармираат за недеморатско владеење.

-Денес, на Денот на Европа имаме градоначалничка која ги мами граѓаните, не го почитува зборот и потписот што го даде за граѓаните. Срамно е да се кријат информациите за тоа како се трошат парите на граѓаните на општината и јавните претпријатија. Со две страници документ го презентира завршниот биланс и фрла прашина во очите на граѓаните. Со оваа екстремна неодговорност, ни дава простор за смонеж  дека постои сериозна злоупотреба – истакна Аријанит Џафери од Еко Герила.
Тој рече дека не е прифатливо граѓаните да не се информирани за тоа  кој е долгот на општината, на кого се должи, во чие време и од која причина е создаден тој долг.

-Денес, на Денот на Европа, продолжуваат измамите на градоначаничката која со својот потпис на 9 октомври 2017 година вети и превзеде одговорност дека улиците во нашите населби, пред нашите домови, ќе се чистат најмалку еднаш месечно со вода. Живееме во град каде прашината на улиците во нашите населби се уште е дел од секојдневниот живот за нашите деца. Улиците на нашиот град не се чистат како во Европа, само во одредени места и тоа  како во 19 век, без механизација и модерна инфраструктура. Причината за детски респираторни болести е токму правот што го апсорбираат од околината – истакна Џафери.

Од Еко Герила потенцираат дека Тетово е град со најмалку зелени површини, а и тие неколку што се останати секој ден се бетонизираат. Истакнуваат дека нема решавање на сообраќајниот хаос во градот, нема јавен превоз, а има узурпацијата на јавните површини.

A.С.