Во тешка сообраќајка што се случи на патот Кичево-Гостивар кај месноста Сатеска во близина на село Зајас, едно лице го загуби животот, а двајца сопатници од истото возило се здобиле со полесни повреди. Во тешката сообраќајка животот го загуби жител на Скопје, роден 1962 година. Тој управувал со возило марка „хонда“ со скопски регистерски ознаки.

Учесник во оваа тешка сообраќајка е и едно возило марка „опел астра“ со тетовски регистерски ознаки. Од „астрата“ единствено со полесни повреди се здоби една жена.

На самото место се врши увид во присуство на јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Кичево. Причините за оваа сообраќајка и направената штета од истата дополнително ќе се утврдуваат.
З.А.