Иако на почетокот на годината од Здружението на пензионери од Кичево, ветуваа брза испорака на огревното дрво за своите членови, сепак преполови и месец август, а не се испорачани ни 30 проценти огревното дрво за пензионерите, или испораката речиси е на самиот почеток. Како што велат од Здружението, причина за доцнењето на испораката се честите дефекти на камионите кои вршат достава на дрвото од шумата до домовите на корисниците.
– Пред почетокот на сезоната добивме цврсто ветување од првите луѓе на Подружницата на „ Лопушник“ во Кичево, дека дрвата на пензионерите ќе им бидат испорачани во договорениот рок, до крајот на август и дека нема никаков проблем околу испораката на договорените количества. Но како и неколку пати претходно, се појавија проблеми со камионите кои вршат достава на огревното дрво и наместо во предвидениот рок досега се испорачани само 30 проценти од договорените количества. Вчера одржавме состанок со првите луѓе на компанијата и ни беше ветено дека во испораката на огревното дрво, итно ќе се вклучат уште три камиони и дека до крајот на септември ќе бидат целосно испорачани договорените количества. Нам ни преостанува да почекаме дали ќе се испочитува даденото ветување ќе и запазат ветените рокови- истакнуваат од Здржението на пензионери од Кичево. З.А.