Средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп доби нова најсовремена опрема за изведување практична настава од електротехничкаструка, како и целосно реновирање на просториите каде се врши практичната настава. За потребите на овој образовен профил вредната донација од 80 илјади долари ја додели Филип Морис ТКП.

Покрај опремување на училниците со поставување нов под, санација на внатрешните ѕидови, замена на внатрешните врати, поставувањето на ново расветлување и инсталирање на училишните кабинети за практична настава и нивно опремување со специјализирани школски електротехнички лаборатории за потребите на наставниот процес, изведени се иградежни зафати во кабинетите на наставниците. Имплементацијата на проектот се одвива во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Скопје.

Целта на донацијата е преку модернизација на капацитетите да се подобрат условите за образовниот процес во училиштето, како и целосниот квалитет на наставата и работата на персоналот. Притоа, целта е да се овозможи оспособување на учениците преку практична настава со најсовремена опрема како би можеле истите по завршување на средното училиште веднаш да бидат инволвирани во пазарот на труд. Овој проект за Филип Морис ТКП е дел од континуирана иницијатива на компанијата за општествен придонес во заедницата преку помагање и унапредување на образовните процеси во повеќе училишта во Република Македонија.

Средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ е едно од поголемите во Прилеп каде учат 825 ученици. Филип Морис ТКП е прва општествено-одговорна компанија која инвестира сопствени средства во подобрување на образовните капацитети во училиштето.
  
-Оваа донација за нас е непроценливо значење, затоа што ние пред сè сме центар со средно стручно образование и со директен импакт во локалното стопанство. Новите подобрени услови во кои ќе започнеме да работиме несомнено позитивно ќе се одразат на самиот квалитет на наставата и кадрите што излегуваат од кај нас – вели Билјана Трајкоска, директор на училиштето.

Реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на септември 2018 година, за кога е предвидено и потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу средното училиште и Тутунски Комбинат Прилеп каде би се овозможило изведување на практична настава за учениците во текот на целата година во капацитетите на фабриката.

Ка.М.