Мобилната компанија „Лајкамобајл”, за потребите на 218 ученици од социјалните категории во битолските училишта додели бесплатни сим картички за користење на
интернет од 20 гигабајти.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ја прими донацијата му се заблагодари на претставникот на компанијата „Лајкамобајл”, Маријан Најденовски, истакнувајќи дека општината Битола е благодарна на сите општествено одговорни компании, кои препознаа дека во ова време на пандемија, на учениците им е потребна помош за да можат да ја реализираат наставата квалитетно.
– По претходно подготвена листа на ученици кои што имаат потреба од дополнителен интернет и по донесената одлука во Советот на Општина Битола, картичките
соодветно ќе бидат распределени според потребите на учениците, истакна Петровска. М.М.