Многу е лошо ако лошото се врзува со нација. Во секоја нација некогаш сме на добрата страна на историјата, некогаш на лошата. Тррба да се осуди злото, но без притоа да се стави белег на цела нација. Така е со Германија која најискрено се соочи со сопствената историја, друга нација нема. Се соочи толку директно со фашизмот. Но ќе згрешиме ако на нашите соседи, ако им се ставиме тоа петно на цела нација, истакна заменик претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, на одбележувањето на 11-ти октомври во Прилеп.
– Така ќе останеме назад. Историјата треба да ни биде учителка, а не затвор. Ако оцрниме цел народ, историјата ќе ни биде затвор. Друг избор ќе немаме освен омраза и конфронтација. Борбата била против фашизмот, но не треба да се лепи на цел народ таа етикета – изјави Димитров, одговарајќи на новинарско прашање.
Според него не е европски предизвик на македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина и интеграција.
– Ако ЕУ дозволи ова да ни биде пречка тогаш нема да ја заслужи придавката европска и не ќе можеме да веруваме на таква ЕУ. Мора мудрост. Нема пријателство без взаемна почит. Мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме. Ние зборуваме македонски јазик. Блискоста не се развива без почит. Ниту една држава нема право да се меша на нашето право на самоопределување – додаде Димитров.
На прашањето како ќе се решаваат отворените прашања Димитров рече дека ќе се решаваат на линија на европски принципи.
– Во 21 век во ЕУ правото на самоопределување е неспорно. Историјата не може е да ја смениме, можеме сегашноста, иднината е пред нас, мора да има мудрост. Ние формиравме комисија која треба да ги разговара прашањата. Кога политиката ја употребува историјата, тогаш не може да има резултати. Овие прашања треба да го решаваат историчарите, а ние чекорите да ги планираме во однос на она што сакаме во иднината. Ако ги правиме наназад нема да стигнеме таму каде што сакаме да стигнеме – рече Димитров.
Ка.М.