Со цел да се избегне статусната разлика меѓу учениците и основното училиште „Андреа Савески-Ќиќиш“ во Тетово ги воведе училишните униформи. Сите ученици во училиштето носат исти сини маички.

-Ваквата иницијатива потекнува од советот на родители уште минатата учебна година. Целта е едноставна, да не се прави статусна разлика меѓу децата во однос на брендови, но и да се заштити облеката-вели директорката на училиштето Дијана Ценовска.

Вкупно 270 ученика од основното училиште „Андреа Савески-Ќиќиш“ носат исти маички на училиште.

А.С.