ГЕВГЕЛИЈА
Во рамките на четиридневната културна програма по повод чествувањето на заштитникот на градот Гевгелија – Спасовден, под покровителство на Општина Гевгелија, во Старата чаршија оживеа духот на минатото. домот на култура „Македонија“ – Гевгелија ја одржа „Ревијата на традиционални носии“, во соработка со ансамблот „Бојмија“- Гевгелија и КУД „Јане Сандански“ при центарот „Ацо Ѓорчев“ од Неготино.
– Гевгеличани имаа можност да погледнат народни носии од повеќе етнички предели. Покрај прикажувањето носии, вечерта беше збогатена и со концерт на традиционална музика, со вокално-инструментални изведби на ансамблот „Бојмија“ и КУД „Јане Сандански“ од Неготино – информираат во Општината.
Културното чествување заврши со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во продукција на домот на култура „Македонија“ – Гевгелија, а во режија на Катица Џишева Дупарова.
– Во претставата играат: Eлена Брзилова, Силвестер Проле и Каме Ќаев. Поради големата заинтересираност на публиката, а во согласност со протоколите за организирање културни настани, претставата ќе се одигра и на 12, 15 и 17 јуни, со почеток во 20 часот. Билетите за трите закажани термини се распродадени – велат оттаму.