Во периодот од 8 до 16 часот, во општина Кичево се изврши ларвицидна дезинсекција, при што беа третирани застојни води со цел уништување на ларви од комарци.
Истовремено се изврши и дератизација на канализациските шахти со поставување на препаратот Родентицид, како редовна мерка за контрола од глодари во канализациската мрежа.
Бидејќи времето беше погодно, планираната акција е спроведена во целост. Претходно беа предупредени пчеларите за да превземат мерки и заштита на своите пчелни семејства поради извршување на оваа акција.
Во текот на летото ќе биде извршена уште една акција на дезинсекција и дератизација во општината.
Зоран Антоски