Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ соопшти дека утре ќе се одржи дебата на тема „Долгогодишното труење на гостиварчани од ѓубриштето Русино“.
Дебатата е организирана од страна на општината и на неа ќе присуствуваат градоначалникот на општина Гостивар, претставници на Центарот за развој на полошкиот плански регион, претставници од министерство за животна средина и претставници од ЕАЕР СЕКО – Швајцарија.
Дебатата ќе се одржи со почеток во 19 часот во Амфитеатарот на кејот на реката Вардар во Гостивар.
На дебатата, „Стоп Русино“ ќе го објави и датумот на почетокот на десетдневната блокада на Русино.