Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие, за време за полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита  на граѓаните од ширење на ковид-19, во Општина Кичево две лица го прекршиле полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик „непостапување  според здраствените прописи за време на епидемија“.

На територија на СВР Охрид, каде припаѓа и Општина  Кичево, полициските службеници извршиле 35 контроли врз лица во самоизолација и 60 контроли врз угостителски и други објекти и таму не се регистрирани неправилности.

Во текот на вчерашниот ден околу 11.30 часот, од објект во изградба паднал и со тешки телесни повреди се здобил Д.К.(35) од Кичево. Несреќата се случила на улица Мара Угринова Гина во Кичево. Настраданиот поради тежината на повредите бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.Извршен е увид на самото место од страна на надлежни органи.