Берово
Го нема повеќе старото и запуштено парковско зеленило, а јавните зелени површини во Берово деновиве добиваат ново руво. Секојдневните активности на екипите на градското јавно претпријатие КР „Услуга“ се насочени кон одржување на зеленилото и уредување на зелените површини, како и садење нов сезонски цветен расад.
– Уреден е кружниот тек на влезот во Берово, како и парковската површина кај градскиот стадион, па жителите може да уживаат во уредените површини. Во периодот што следува, екипите на беровското комунално претпријатие ќе посадат цвеќиња и на веќе подготвениот терен, во централното градско подрачје, за да се подобри животот на граѓаните и да се разубави градското зеленило – велат од Општина Берово.