Берово

Градскиот пазар во Берово наскоро ќе добие нови тезги, инвестиција вредна околу 3.600.000 денари, од кои 50 отсто се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој и 50 отсто од буџетот на Општина Берово. Од локалната самоуправа информираат дека градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, веќе го потпишал договорот за финансирање со АФПЗРР.

– Проектот е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар, во кој со втората фаза ќе бидат набавени современи, модерни тезги за продажба на производи на беровскиот пазар – велат од Општина Берово.