БИТОЛА

Деновиве Советот на Општина Битола, по предлог на градоначалничката Наташа Петровска, ја усвои програмата за развојните планови на општината во периодот од 2021 до 2023 година. Висината на средствата на двегодишната развојна програма изнесува 9,5 милиони евра.
Од овие пари се планира изградба и обнова на улици и патишта, на мостовите на реката Драгор и Курделес, како и за обнова на локалните патишта за селото Трново-Магарево и селото Буково. Наредната година се планира целосно да заврши ревитализацијата на поранешниот Офицерски дом. Со тие пари ќе се изгради и северната трибина на градскиот стадион под Тумбе Кафе, а од истиот буџет се издвоени средства и за гасификација на Битола. Во средствата за развој се предвидени пари за изградба на прва фаза карабина на градинката во АРМ.
Останува да се види колку од овие развојни проекти, од кои некои се во тек, ќе бидат завршени и пуштени во употреба. Нивната реализација ќе зависи и од изборните резултати на претстојните локални избори, ако се знае дека идната година е изборна.