Градоначалниката на Битола, Наташа Петровска денеска одби да одговори на новинарско прашање за аферата „Рекет“, која ја потресува и Битола.

На прашањето што било барано од неа, што одговорила и дали истражните дејствија стигнаа до градоначалниката да даде изјава во врска со оваа афера, Наташа Петровска изјави одби да коментира. 

– Не би можела да одговорам на такво прашање во овие околности за постапка и процес кој го водат други органи. Тогаш кога ќе бидам повикана да одговорам од надлежни институци ќе дадам одговор – изјави градоначалничката Петровска.

Инаку да потсетиме премеирот Зоран Заев на неодамнешната седница во Парламентот, на пратеничко прашања ја спомна општината Битола и градоначалничката Наташа Петровска, каде биле побарани одредени услуги од лица инволивирани во аферата „Рекет“.

М.М.