Градоначалникот на oпштина Новаци, Стевче Стевановски, денеска ги посети подрачните училишта на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Гермијан, Бач и Живојно со цел да ја утврди состојбата во која се наоѓаат, проблемите што ги имаат, што е потребно да се санира за да им се обезбедат услови на дечињата за непречено следење на наставата и дали постои некој проблем со греењето.
– Денеска излегов на терен за да ја утврдам фактичката состојба во која се наоѓаат овие три подрачни училишта затоа што во порака на мојата фан страна на социјалната мрежа на Фејсбук добив барање од родител да се замени старата и дотраена влезна врата во училиштето во село Гермијан. Од денешната посета тоа се потврди и ќе бидат преземени мерки во најскоро време тоа да се среди – рече Стевче Стевановски.

М.М.