Голем шумски пожар, што гори од синоќа, се уште е активен во северниот регион на општина Кичево, во близина на РЕК „Осломеј” до селото Жубрино.
Гори нискостебласта шума, а на терен активни се локалниот центар за справување со кризи и противпожарните екипи, а ангажирани се и припадниците на дирекцијата за заштита и спасување, шумскато стопанство “Лопушник” како и локалното население.
Селото Жубрино, кое се наоѓа во близина на пожарот, засега се уште не е во опасност од овој пожар.
Директорот на шумскато стопанство „Лопушник” Зоран Крстевски, информира дека, покрај пожарот до село Жубрино, активен е уште еден пожарот до селото Вранештица, во јужниот дел од општината. Двата пожари, посочува Крстевски, се активни, но се ставени под контрола.