Фото: Зоран Антоски

Екстремно ниските температури кои деновиве владеат во земјава, придонесоа по неколку потопли зими да смрзне и градската река во Кичево. Таа деновиве целосно е окована во дебел мраз и така ќе остане се додека температурите бидат под нулата.

Постарите кичевчани велат дека порано градската река редовно смрзнувала, но последните десетина години скоро и да не паметат такво нешто.

-Последните десетина години кога имавме кратки периоди на екстремно ниски температури, градската река ретко кога замрзна, но затоа пак годинава кога температурите повеќе од десет дена се дебело под нулата, придонесоа Сушица целосно да смрзне и после подолг период да биде целосно окована во дебел мраз повеќе од една седмица. Ова е потврда дека годинешната зима е меѓу најстудените во овој век, а најдобар доказ е токму градската река-вели Стојан, старограѓанец кој памети и постудени зими, но годинешните температури, според него, наликуваат на времето од седумдесетите и осумдесетите години.

З.А.