Фото Васка.М. Младеновска

Деновиве средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола, во кој се сместени околу 300 средношколци од Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Росоман, Ресен, Кичево и Охрид доби донација од Министерството за образование и наука во вредност од над 110.000 евра.

Фото Васка.М. Младеновска

Донацијата се состои од нови кревети, душеци, канцелариски мебел, фотелји, бироа, масички…

-Ова е прв пат овој средношколски дом да добие ваква донација. Со оваа донација во најголем дел ќе ги решиме проблемите кои ги имавме околу потребата од ваков мебел за сместување на учениците и условите на вработените – истакна директорката на средношколскитот дом „Мирка Гинова “ во Битола, Елена Спасеновска.

М.М.