Денеска во прва работна посета на Битола престојуваше амбасадорката на Германија Анке Холштајн, која оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.
На средбата, градоначалничката Петровска и амбасадорката Холштајн разговараа за придобивките од работењето на најголемата германска инвестиција во земјава, фабриката „Кромберг и Шуберт“, изградбата на новата детска градинка, економската состојба во градот, инфраструктурните проекти, како и за туристичките капацитети и понуди кои што ги има општина Битола, особено во Националниот парк Пелистер.
Градоначалничката изрази благодарност за помошта од Германската амбасада, која во повеќе наврати донирала во битолските образовни институции.
М.М.