Пред рекордно мал број присутни денеска во Потпелистерското село Трново, во дворот на црквата „Св. Пресвета Богородица“ се одржа јубилејната 50 по ред Семакедонска средба.
Организатори на средбата беа Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
На истата освем малиот број граѓани на Битола и иселеници не присуствуваа речиси ниту еден претставник од локалната и централната власт.
Но тоа не беше пречка од Трново до македонската и меѓународната јавност да се испратат многу стари и веќе одамна слушнати пораки, како и нови барања за Семакедонско помирување. Откако беше истакното дека сите присутни на средбата се единствени во одбраната на името, јазикот и идентитетот на државата беше побарано раскинување на Договорот со Бугарија за добрососедство и распуштање на меѓувлаидната комисија мегу Македонија и Бугарија за ревизија на историјата.Воедно беше побарано и раскинување на Преспаснкиот договор со Грција.
– Бараме еднострано раскинување на Договорот помеѓу Македонија и Грција од 17 јуни 2018 година и продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под единственото државно име Републија Македонија.
Бараме распуштање на меѓувладините комисии меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција за ревизија на македонската
историја – истакна Алекснадр Јаневски од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Од Матицата на ислениците беше речено дека Матицата ќе направи се заедно со сите Макеноци во светот да ја одбранат Македонија, македонскиот народ и јазик, зашто тоа е вековен аманет од претците на историјата.
Илинден 1903 е дело на Македонскиот народ, а Круна на Илинден е АСНОМ 1944. Илинденското востание и Антифашистичката војна се порака на мртвите и жртвите од минатото за слобода на Македонија, за иднината на Македонскиот народ и државата. Простуваме, но не заборавме.
– Отфрламе заедничко македонско- бугарско чествување на Илинден бидјеќи Илинденското востание е македонско. Илинден е национален празник на сите Македонци во светот. Без Македонија и Македонците нема мир и стабилност на Балканот во Европа – гласеше пораката на матицата на иселениците.
Откако ги повтори веќе многупати познати и слушнати ставови и пораки Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес истакна дека Македонија никогаш нема да се согласи да се нарекува Северна туку дека ќе биде само Република Македонија за каква што се определија најголемиот број граѓани на Референдумот во 1991 година
СМК бара претседателот на Републиката или премиерот да поднесат нота до Владата во Атина, Генералниот секретар, Советот за безбедност, Генералното собрание и државите членки на Обединетите Нации, со која ќе известат дека Македонија еднострано ја раскинува Спогодбата Димитров-Коѕиас поради флагрантно кршење на домашното и меѓународното право, а до Генералното собрание да достават Резолуција за продолжување на членството под државното име Македонија.
– СМК потсетува дека името на државата Македонија е идентитетот на Македонскиот народ! Затоа најголемиот број Македонци по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и нејзино поништување, како и на амандманите од 33 до 36 на Уставот и Уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот донесени на седница на Собранието одржана на 11 јануари 2019 година и на Законот за употреба на јазиците објавен во “Службен весник на Република Македонија“ на 14 јануари 2019 година. Никогаш северна, само Македонија – рече Петров.
М.М.