Општина Тетово соопшти дека утре ќе спроведе неколку активности со цел да одбележи „Денот на планета Земја“. Целта на одбележувањето на „Денот на Планетата Земја” е да се подигне нивото на свесност за зачувување на животната средина. Затоа во недела ќе биде организиран Ден без автомобили при што во соработка со СВР Тетово неколку улици и булевари ќе бидат затворени за сообраќај, информираат од тетовската локална самоуправа.
Од 8 до 20 часот, предвидено е да се блокираат деловите од булеварите и улиците од
булевар „Благоја Тоска“ до булевар „Илирија“; од улица „Методија Андонов Ченто“
до улица „Дервиш Цара“; улица „Дервиш Цара“ со почеток од „Благоја Тоска“ до булевар „Илирија“; од кружен тек кај „Благоја Тоска“ до булевар „Илинденска“;
Воедно пред платото на Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово ќе биде
организиран настан на кој се организирани неколку активности , како што се аеробик
на отворено, музика со локални артисти, активности за деца, крос со велосипеди, саем
за здрава храна и едукативен час за планинарење и движење во природа.
За првпат, Светскиот ден на Планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД. Денес, повеќе од милијарда луѓе во 192 земји учествуваат во активностите кои се дел од глобалниот настан посветен на планетата Земја.
А.С.