Само истакнатите знамиња по тетовските улици покажаа дека е Денот на независноста 8-септември. Во градот никој не организираше пригодно одбележување на празникот. Општина Тетово и годинава го игнорираше овој датум.
Единствено претставници на општинските ограноци на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ по повод празникот положија букети цвеќиња пред Споменикот на револуцијата . Тоа го направија во различни часови, првите во 9, вторите во 10.30 часот.
-Денес сме горди граѓани кои слават историски момент на оваа држава. Следен чекор е да ја прифатиме историска шанса за влез во во двете најголеми светски семејства ЕУ и НАТО-истакна Мелиса Ценоска од СДСМ.
-Денеска е денот за кој многу генереции пред нас ги дадоа своите животи, а исто така ни го оставија аманетот да ја зачуваме Република Македонија. И годинава изостана организација на прослава од страна на градоначалникот Теута Арифи со што се испраќа една многу лоша порака кон граѓаните-истакна Александар Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Минатата година членовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно положуваа цвеќе во знак на одбележување на празникот.