Бобан Јосифоски (22) беше најуспешен и го фати крстот во водите на базенот Салида во Прилеп. Тој најбрзо стигна до осветениот крст по кој скокаа 105 прилепчани, од кои 14 девојки. Најмалата родена 2005 година.

Бобан доби икона и телевизор за подарок.
-Скокав по 10 пат и ете успеав да го фатам крстот. Очекувам многу среќа – рече Јосифоски, кој е студент на факултетот за безбедност.

Намесникот на прилепското намесништво отец Блаже порача да се чува традицијата,да се одржува верата.
Црквата од ЛС доби финансиска поддршка за организација на настанот во висина од 100.000 денари.
Ка.М.