По повод одбележување на Денот на НАТО, во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, денеска пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, организираа отворен ден за граѓаните, кои имаа можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на Воениот оркестар, како и изведбата на „Егзирцир“ на припадниците на баталјонот за почести и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на Армијата.

При тоа бригадниот генерал Орце Јордев посочи дека процесите кои се отворија во нашата земја се потврда на намерата и посветеноста на земјата да работи под полноправно членство како наша најважна цел, што ќе оствари до крајот на годината.

-Нема друга алтернатива освен членство во најмоќниот модерен систем за колективна безбеност. НАТО не е само сојуз на држави, НАТО  е Алијанса на целосно независни држави кои постојат и одлучуваат. Откако целта ќе се постигне, тоа ќе овозможи нови цели – посочи бригадниот генерал Јордев.

Во рамките на манифестацијата во соработка со Црвениот крст во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ беше организирана и крводарителска акција.

Ка.М.