Во Прилеп денеска беше одбележан Денот на крводарителството, при што
крводарители кои дале крв 25, 50, 75 и 100 пати беа на прием кај градоначалникот Илија Јованоски, кој им порача дека нивниот придонес за заедницата е голем, бидејќи дарувајќи ја драгоцената течност, спасуваат човечки животи.

Пеце Илиоски, кој досега дарувал крв 104 пати истакнува дека крводарителството за него е семејна традиција и дека и во иднина заеднои со членовите на неговото семејство ќе продолжат да даруваат на крв.

-Дарувам за да спасам нечиј живот, а освен тоа постои и семејна традиција од моите родители. Мојот татко дарувал крв скоро 70 пати, мајка ми и брат ми преку 20 пати. Апелирам до младите да бидат хумани и да даваат крв – вели Илиоски.

Овој рекордер во дарување крв Општина Прилеп ќе го награди и парично, со доделување вредносен ваучер.

Ка.М.