Со полагање на цвеќиња, делегации од ЛС, од Сојузот на Борци, од ОУ„Гоце Делчев“ денеска одбележаа годишни од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз – Тито. При тоа е порачано дека треба да се продолжи аманетот на револуционерите, што го дале својот живот за слобода на Македонија.

– Сите тројца се великани, коишто одиграле значајна улога во македонска историја, основополжници на македонската државност и нивните идеали треба да ни бидат пример, за да го дадеме нашиот придонес во битката за градење на современа и европска иднина на градот и земјата – порача Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

В.Д. директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Веле Ѓорѓиоски во својата честитка
за патрониот празник, потсети на познатата мисла на Делчев.

– Ние преку нашите генерации ја спроведуваме гоцевата мисла: Го
разбираме светот, како поле за културен натпревар меѓу народите – рече
Ѓоргиоски.

Бројни делегации му оддадоа почит на револуционерот Пере Тошев. На
неговото вечно почивалиште во дворот од црквата „Свето Благовештение“ и
пред споменикот на Пере Тошев во старата чаршија положија свежи цвеќиња.

На денешен ден пред 38 години почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ, политичар од светски ранг, основач на блокот неврзани земји.

– Денешниот ден е мошне значаен, зашто се одбележуваат најзначајните настани во нашата македонска историја“ истакна Круме Соколоски, претседател на прилепскиот огранок на Сојуз на борци. Ка.М.