Од ОИК Прилеп информираат дека денеска непречено гласаат болните, затворениците, лица сместени во старскиот дом и заболени од ковид-19.
За гласање се пријавени 389 болни лица, плус 88 во затворот и во старскиот дом. 12 лица заразени со ковид 19 се пријавиле да гласаат и веќе посебниот ИО бил на терен вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.
При крај е делењето на избирачкиот материјал и се било подготвено за утрешното гласање.
Во избирачкиот список во Прилеп се запишани 63.236 гласачи, кои утре правото на глас можат да го остварат на 141 избирачко место во најголемата општина во земјава по површина.
Ка.М.