Со традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општината Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата Св. Атанасиј Велики во село Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници. Од шестнаесетмината пријавени за факање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски, кој за прв пат го фати светиот крст.
Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски на срекниот наоѓач Христијан Стојановски од името на општината му додели вредносен ваучер, а вредносни ваучери беа обезбедени и за сите другу среќни наоѓачи на светиот крст во сите 16 населени места во Општината каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсрекни и го фатија светиот крст му посака здравје , срека и берикет,а на жителите од Новаци среќни празници. М.М.