Поставени се три слободни зони со безжичен интернет на територијата на општина Крива Паланка.
Слободните „wi-fi“ зони се лоцирани на централниот градски плоштад кај градскиот парк, плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на општина Крива Паланка и кај спортскиот комплекс во градот, во спортската сала „Бранители 2001“.
Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка истакнаа дека бесплатниот интернет е достапен како за жителите, така и за посетителите на општината. Неговото воведување, нагласуваат, е во согласност со стратешките определби за модернизација на општината и ја потврдува отвореноста кон новите технологии со цел унапредување на работата и подобрување на достапноста и транспарентноста.