Вкупно 34 крвни единици се собрани денеска на крводарителската акција во Свислион Агроплод што ја организираше општинската организација на Црвен крст Ресен.
Секретарот на Црвен крст – Ресен Наташа Веловска информира дека повеќето од вработените во оваа компанија се редовни дарители, а на денешната акција имало дарител со над 80 пати.
Да продолжат граѓаните со изразување на својата хуманост за дарување крв и на следните акции, апелира Веловска.
Следната крводарителска акција во организација на општинската организација на Црвениот крст во ресен ќе биде на 20 декември во културно уметничното друштво „Таше Милошевски“.
Од почетокот на годината заклучно со оваа акција на Црвениот крст собрани се околу 250 крвни единици.