Според последните обработени податоци во општина Гостивар правото на глас го искористиле 16.109 лица или приближно 20,3 проценти од вкупниот број во Избирачкиот список.
Референдумското изјаснување во гостиварската општина според информациите на ОИК се одвива без застоји или попречувања и досега немало пријавени нерегуларности.