Од 27 декември минатата година не се мерат ПМ честичките во воздухот во Велес.
Иако од Министерството за животна средина и просторно планирање имаше најава дека апаратите ќе бидат поправени, тие се уште не се во функција.
Инаку мерните инструменти на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес за разлика од порано кога мереа на две мерни места, тие последниве години мерат само на едно мерно место во нивната зграда, со години наназад и се уште само чад и сулфур диоксид.
За разлика од порано, последниве години и мерењето не им е континуирано, а за викендите и празниците се зема просек од неколку дена.
Од 1 јануари до денеска, според мерењата на ЈЗУ Центарот за јавно здравје, средно дневните концентрации на чад биле под, но и блиску до макисмално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен воздух.
Така просекот од 3 ти до 7 јануари за петте дена бил 48,5 микрограми на метар кубен воздух, со што, според експертите, може да се заклучи дека во одделни периоди од денот посебно во вечерните часови концентрациите на чад биле зголемени.