Во Битола е отворена првата знаковна кафетерија. Сопстевници се лицата со оштетен слух Радила и Мартин.
Градоначалничката Наташа Петровска ја посети кафетеријата која се вика „Улаф сте“, а која е лоцирана на булеварот „1 Мај“, една од најубавите пешачки улици во градот.
– Ви честитам за храброста, бидејќи за да се започне приватен бизнис во денешно време е навистина тешко. Се радувам на заедничката средба, на овој разговор и на можностите заедно да соработуваме во иднина, на различни проекти од значење за градот и за битолската чаршија – рече градоначалничката Наташа Петровска.
Сопствениците Радмила и Мартин велат дека сакаат да бидат пример на една љубовна приказна која треба да допре до сите. Амбиентот покрај реката Драгор, местоположбата
на кафетеријата, им дава дополнителна радост и мотивација да направат и други приказни со кои и градот би бил препознатлив.
Посетата на градоначалничката Петровска и дадената рака на поддршка од локалната самоуправа за нив е многу значајна. Тие истакнаа дека ова е пример многу
важен за лицата со попреченост, во нивната намера да се отворени за промени и да не се повлекуваат пред животните предизвици. М.М.