На денешната седница, Советот на Општина Битола, во отсуств на опозицијата донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за превоз на патници. Ова меѓуопштинско јавно претпријатие за превоз на патници ќе се вика „Пелалинк“.

Покрај Битола во формирањето на претпријатието учествуваат и општините Могила и Новаци. За формирањето на претпријатието општината Битола обезбеди 60 проценти од средствата, а другите две општини ќе учествуваат со по 20 проценти.

Инаку минатата недела Општина Битола набави два минибуси на метан, а деновиве треба да пристигнат уште два нови минибуси, кои ќе бидат во сопственост на
претпријатието, а ќе се набават и други еколошки патнички возила.

Инаку во изминатиот период и општинте Могила и Новаци набавија минибуси за превоз на учениците.

М.М.