На електронскиот јавен повик за субвенционирање инвертер клими конкуеирале вкупно 4.039 апликанти, од кои во приоритетната Прва зона аплицираа 3.332, додека во втората зона аплицираа 707 апликанти.

Ова го изјави Ангела Ристевска, член на Комисија за разгледување на барањата за субвенционирање на високо ефикасни инвертер клими.

На прелиминарната листа која ќе се објави во текот на денот, ќе бидат објавени имињата и презимињата на потенцијалните добитници.

Во приоритетната и утврдена зона 1, вкупниот број на потенцијални добитници е 2.328, додека вкупната бројка  на потенцијални добитници во зона 2 е 464.

– Најголемиот број на одбиени апликанти се поради неуредна документација.Согласно јавниот повик и правилникот, Комисијата составена од 15 члена, во изминатиот период работеше на детално разгледување на сите пристигнати апликации.

Сите апликанти кои се пријавиле со уредна и комплетна документација, која понатаму ќе биде комплетирана и во хартиена форма, ќе добијат клима уред – рече Ристевска.

М.М.