Сите оние што го празнуваат„ Св.Димитрија“ или го носат името на светецот, наспроти големиот празник, го посетија црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, каде од страна на свештенството беше осветено лепче или петолебие, што верниците го донеле од дома.
Осветеното лепче ќе биде поставено на масата каде што ќе се дочекуваат гостите за славата или именденот. Сите што ќе го посетат домот на славеникот ќе го вкусат осветеното лепче за здравје и среќа.
– Осветувањето на лебот се врши во текот на целиот ден и како се собираат верниците така ние го вршиме чинот на осветување. Најголем дел од оние граѓани што осветуваат лепче се верници кои го празнуваат Митровден, а помал дел се оние кои што го носат името на светецот. Генерациите се менуваат, верските традиции кај народот остануваат – велат од свешетенство од Кичевскиот храм.
З.А.