За да го преторат Кичево во зелен град, локалната самоупраава и ЈКП „Комуналец“ во изминатите две години на повеќе улици и булевари засадија поголем број млади стебла јавор, кои за пет до десет години се очекува да го променат изгледот на градот и во добра мерка да помогнат да се намали аерозагадувањето.

Но и покрај заложбите на градскиот татко и комуналците, сепак помала група на неодговорни граѓани не сакаат овој град да биде пријатно место за живот.

– Во изминатите неколку месеци и години засадивме повеќе од 200 млади дрвца јавор на повеќе улици и булевари во градот, за кои сметаме дека во догледно време ќе го претворат Кичево во зелен град. Но за жал, поединци не мислат така и посегаат да ги оштетат младите стебленца и покрај тоа што се наполно свесни дека од оваа штета никој нема корист. Бидејќи младите стебла се засадени за доброто на сите наши сограѓани, на поединци како да им пречи да имаме поубав град, а овие млади стебла се токму дел од визијата за новото што позелено Кичево- посочи директорот на ЈКП „Комуналец“.

З.А.