Со натпревар во играње табла и трка на келнери, денеска на Плоштадот во Валандово ќе почне манифестацијата „Ракијада 2018“.
Дел од програмата ќе биде и натпреварот во пиење вино, додека коктел – мајстор ќе подготвува коктели со традиционални производи од Вланадово.
За утре е закажано официјалното отворање на „Ракијадата“ кое ќе се одржи на Градскиот базен. Во 10 часот ќе се „запалат“ казаните по што се предвидени настапи на културно-уметнички друштва и концерти. Попладне ќе се дегустираат специјалитети од валандовското поднебје.
Посетителите ќе имаат можност да пробаат тазе печена ракија и вкусна, домашна храна.
Манифестацијата ќе биде збогатена со штандови со органски земјоделски производи од Валандово.